Силен земјотрес од 5,4 степени ја погоди Грција

1 min read

Кусо пред 14 часот по локално време регистриран е земјотрес во морскиот дел на Егејско Море, јужно од Халкидики, со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, соопшти Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентатор на земјотресот бил во морето, 23 километри југозападно од Света гора, односно кај третиот крак, Атос, на Халкидики.

Земјотресот бил почувствуван во Солун, но и во други делови на Грција, а засега нема информации за повредени и материјална штета.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виландер: Ѓоковиќ е фаворит да освои најмногу грен слем трофеи, но тоа нема да се случи!

Следно

Улога осудена на успех: Марија Шерифовиќ ќе се обиде во актерските води глумејќи се себеси како победничка на Евровизија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian