Шпанската полиција заплени 55 килограми хероин и уапси 10 лица

1 min read

Шпанската полиција уапси 10 лица, меѓу кои и водечки шверцер на хероин, и заплени 55 килограми дрога, соопшти денеска полицијата.

Полицијата соопшти дека растурила синџир на шверцери со седиште во централната провинција Толедо, кои купувале големи количини хероин од добавувачи во Холандија, а потоа го дистрибуирале на дилери во централна и западна Шпанија.

Беа претресени осум имоти во Мадрид, Толедо и Касерес.

Полициските истражители го нарекоа водачот „шпански Пабло Ескобар” на хероинот и рекоа дека тој е тесно поврзан со меѓународен нарко-клан управуван од турски државјанин од Истанбул.

Истрагата за синџирот на дрога започна во март, а во декември беше запленета голема пратка хероин. Полицијата не го прецизираше точниот датум на апсењето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Познат диџеј откри дека боледува од тешка болест, па со фотографија ги шокираше фановите

Следно

Жестока дискусија во Собранието, на тапет корупцијата, Горданчето, криминалот, Луј Витон торбите, Рашковски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian