Семејството Ѓоковиќ: И покрај скандалозното однесување, верувавме дека ќе победи спортот!

2 mins read

Семејството Ѓоковиќ објави соопштение во кое се вели дека се многу разочарани од одлуката на Федералниот суд и фактот што Новак мора да ја напушти Австралија бидејќи верувале дека спортот ќе победи.

Најблиските на најдобриот тенисер на светот сметаат дека „не се работело само за спорт и играње на првиот Грен слем во сезоната во која Новак доминира цела деценија, туку и политика и сите интереси кои преовладувале во овој случај“.

– И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе се почитува фактот што го потврди судот – дека Новак има валидна виза, дека правдата ќе биде задоволена и дека ниту еден „јавен интерес“ нема да биде изговор за одлука која е донесена – вели семејството Ѓоковиќ.

Во соопштението се наведува дека ова се тешки моменти, особено за Новак.

– Она што сите треба да го направиме, пред сè, како негово семејство, е да го поддржиме повеќе од кога било досега. Ќе бидеме тука да ги споделиме ударите што ги доби, да му помогнеме да ја врати енергијата, вербата во овој спорт, пред сè во фер-плеј кој овде целосно отсуствува.

Горди сме на него и на силата што ја покажа и на борбата што ја водеше достоинствено. Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што секогаш неспорно го потврдувал, а тоа е дека е голем шампион и човек – стои во соопштението на семејството Ѓоковиќ.

Таткото на Ѓоковиќ: Заврши обидот за атентат врз најдобриот, 50 куршуми во градите на Новак!

Ѓоковиќ: Крајно сум разочаран, но ја почитувам пресудата

Ѓоковиќ никогаш повеќе на „Австралија опен“? Еве ја и казната која треба да ја плати!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Собранието втор ден расправа, до полноќ треба да се гласа за избор на новата влада

Следно

Ердоган пред посетата на Тирана: Турција ја гледа Албанија како пријател и природен сојузник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian