Расте бројот на хоспитализирани пациенти во штипскиот ковид-центар

1 min read

Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти во штипскиот ковид-центар. За само пет дена двојно е зголемен бројот на лица кои бараат болнички третман. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 41, а на кислородна поддршка се 33 пациенти.

Битката со коронавирусот ја загуби 74-годишен жител на Пробиштип, а во дневната амбуланта се прегледани вкупно 52 пациенти од целиот источен регион. Интересен е податокот дека од хоспитализираните само четворица се вакцинирани, додека останатите пациенти не се имунизирани. Слободни места има за уште 17 пациенти.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина тврди дека има докази за вмешаноста на Русија во кибер нападите од пред три дена

Следно

Казнет црногорскиот ракометар Ласица поради плукањето кон македонските навивачи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian