Новата песна објави нови удари: Канје Вест јавно го осуди родителствувањето на Ким Кардашијан

2 mins read

Познато е дека музичарите најдобро се изразуваат низ своите песни, па не е невообичаено што нетрпеливо се очекуваше во јавноста да излезе ново дело на Канје Вест откако сите скорешни настани во неговиот приватен живот активно ја вознемируваа и јавноста. Је во петокот објави нова песна, а во нејзините стихови не се воздржа да ја осуди неогвата отуѓена сопруга Ким Кардашијан… но и уште полошо – нејзинте родителски пристапи и вештини!

Новата песна на Канје во соработка со раперот „The Game“ насловена „Eazy“ се чини дека вбројува доста референци за мајката на неговите деца, како и за нејзиното ново озборувано момче.

ким кардашијан пит дејвидсон канје вест
Фото: Принтскрин / Instagram

44-годишниот рапер ја објави песната во петокот, а оттогаш сериозно се разнишаа „пријателските“ односи помеѓу него и 41-годишната Ким Кардашијан.

„Стекнав љубов кон дадилките, но вистинско семејство е подобро/Камерите ги гледаат децата, престанете да ја земате заслугата.“

„Тато што не е старател, ја купив куќата во соседството/За што мислиш дека е поентата да се биде навистина богат?“

„Буџи и непослушни, сите треба да правите некои задолженија / Богати деца, ова не е куќата на мама“.

ким кардашијан канје вест
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Канје, кој неодамна купи куќа спроти имотот на Кардашијан за да може да биде поблиску и почесто со неговите деца, понатаму во песната се осврна на својата одлука да го купи новиот имот.

„Да ја вклучи музиката – разбуди ги соседите“

Раперот се одзва и за фактот дека Ким неодамна ѝ дозволи на нивната најстара ќерка да има ТикТок профил, што очигледно не било во согласност со раперот.

Ѕвездата на „Keeping Up With the Kardashians“ поднесе барање за развод од музичарот во февруари 2021 година.

Ким не е единствената личност која Канје ја прозва во новата песна, бидејќи тој го таргетираше и новото момче на својта поранешна жена, 28-годишниот Пит Дејвидсон.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Ѓоковиќ со полициска придружба на аеродром, го чека летот да ја напушти Австралија

Следно

Колева: Немам сомнеж дека министрите ќе постават поголеми стандарди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian