Меџити за „Слободен печат“: Нема да гласам за новата влада

1 min read

Пратеникот од ДУИ Изет Меџити за „Слободен печат“ потврди дека нема да гласа за новата влада на Димитар Ковачевски.  Тој не сакаше дополнително да образложи зошто не е присутен на собраниската седница за избор на владата, ниту зошто не ѝ дава поддршка.

Меџити вели дека досега доста зборувал и дека на јавноста и се познати неговите ставови. Претходно Меџити се спротивстави на изборот на експремиерот Зоран Заев и неговиот лидер Али Ахмети во владата на Заев дека за министри се предложени Артан Груби и Бујар Османи, но тогаш по разговор со лидерот на ДУИ ја гласаше владата на Заев.

Во Владата на Ковачевски повторно Груби и Османи се предложени за позициите прв вицепремиер и министер за политички систем и министер за надворешни работи, односно кај ДУИ нема промена на ниту еден министер. Главните аргументи на Меџити беа и се дека ни Груби, ни Османи немаат поддршка од базата за да бидат дел од извршната власт.

Ако само Меџити се воздржи од гласање, за владата на Ковачевски ќе гласаат 63 пратеници, односно таа ќе ја добие поддршката од мнозинството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Јапонија драстично се зголемува бројот на новозаболени од ковид-19

Следно

Доријан Бабунски се раздели со Враца, ќе игра заедно со брат му во Унгарија!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian