Лашкоска: Заев го шутна Димитров и го постави Маричиќ, министерот кој нарачуваше пресуди

1 min read

Ковачевски во политиката е непознат, не добил поддршка од граѓаните ама добил поддршка од Зоран Заев. Излагањето ви беше бледо, не се задржавте на ниту еден проект кој ќе остави белег на владата со која ќе раководите. Тоа е така зашто нема таков проект, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на собраниската седница за избор на влада.

-Само во Македонија е можно да не излезеш на избори, ама Заев да те поддржи и да прифатиш да бидеш премиер. Вака како што сте одлучиле да почнете, сите сте вовлечени во живата кал во која ве вовлече Заев и фамилијата. Мандатарот ни се обрати, дека за сите нас гласале граѓаните. Да, граѓаните не избраа нас, но го избираат и својот премиер, а со вас тоа не е случај. Затоа нема да ја поддржиме оваа влада. Станува збор за иста влада која Македонија ја доведоа до ова дереџе. Ова е предлог на исти луѓе кои ги предизвикаа проблемите и не може да бидат решение за проблемите. Министерот кој нарачуваше пресуди, сега е сместен на местото на Димитров, истиот тој Димитров кој за Заев велеше дека се обраќа. Заев го шутна Димитров и на негово место го носи Маричиќ кој е воодушевен од Заев. Останува и истиот човек за министер за внатрешни кој издаваше пасоши за мафијаши – рече Лашкоска.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Амбер Херд „виновна“ за разводот на Џејсон Момоa?

Следно

Во Австралија не можеше да остане, дали Ѓоковиќ може да игра на „Ролан Гарос“ во Париз?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian