Кузмановски: Се обидуваме да играме нов систем, против Данска нема што да загубиме

2 mins read

По стартот од соништата на клупата на македонската репрезентација во форма на триумф над најмоќниот тим на денешницата, данскиот тим, Кирил Лазаров го претрпе првиот сериозен удар како селектор на националниот тим.

Во мечот кој требаше да го добијат за да ги зачуваат шансите за постигнување на целта, нашите најдобри ракометари потфрлија енергично, мотивирано и квалитативно и загубија од десеткуваната Црна Гора.

Ги загубивме шансите за пласман во втората фаза на Европското првенство, а последниот трет натпревар ќе го играме в понеделник (17 јануари) со почеток од 20.30 часот во унгарскиот град Дебрецин против актуелниот светски шампион Данска која има две победи во групата „А“.

– Уморен и помалку разочаран се чувствувам. Многу технички имавме во првиот натпревар против Словенците, во следниот дуел со Црна Гора требаше да го поправиме тој сегмент, но тоа не се случи. Со Лазаров на селекторската клупа репрезентацијата имаше добри резултати, освен овие мечеви на ЕП, а причина се многуте повредени играчи и позитивни на ковид-19. Оваа селекција не е истата без Кире Лазаров, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски и Дејан Манасков.

Останува да го одиграме мечот против Данска во кој нема што да загубиме, одиме да излеземе со ладни глави, да покажеме борбена игра и секако за наша душа. Се обидуваме да играме нов систем, еден брз ракомет со многу ротации. Од друга страна, не знам зошто имаме толку многу технички грешки, имавме премногу во дуелите со Словенија и Црна Гора – вели македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Колева: Немам сомнеж дека министрите ќе постават поголеми стандарди

Следно

„Бебешки бонус” лани во Албанија добиле над 43 илјади бебиња, Рама гарантира исплата и годинава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian