Хрватска се подготвува за еврото: Цените од ова лето ќе се истакнуваат и во куни и во евра

2 mins read

Хрватска планира да го воведе еврото како своја валута во 2023 година, но конечната одлука ќе ја донесе Советот на Европската Унија.

Извршниот директор на одделот за готовина на CNB, Тихомир Мавричек, во изјава за ХРТ рече дека целта е да се воведе еврото на 1 јануари 2023 година и го појасни периодот на транзиција.

– Подготовките се веќе започнати, а една од мерките е да се погрижиме цените значително да не се зголемат. Планирано е најмалку шест месеци пред воведувањето да се воведе двојно искажување цени, со подготвителен период од околу триесет дена, кога сите бизниси и трговци ќе бидат подготвени за двојно искажување цени. Тоа е физички напорна работа, сè треба да се испечати и да се стави на производи и полици, вели Мавричек и додава дека ќе се истакне и курсната листа за да можат граѓаните да проверат дали цените се пресметани правилно.

Тихомир Мавричек посочува дека фиксниот курс ќе се утврдува непосредно пред одлуката на Советот на ЕУ за воведување на еврото, пренесува Индекс.

Многу луѓе се плашат од поскапувања при преминувањето на еврото, но Мавричек вели дека практиката на земјите кои веќе го прифатиле еврото покажала дека замената на националната валута многу малку влијаела на растот на цените, односно на инфлацијата.

По воведувањето на еврото во Словенија, поскапеа цените на транспортот и цените во рестораните и фризерските салони, додека во Словачка поскапеа храната и градежните работи.

– Истражувањата покажаа дека тоа се претежно производи кои не ги засегаат луѓето со пониски примања, туку повеќе оние со повисоки примања, како што се услугите за сместување, рестораните, спортските услуги, обично тоа се услуги што ги користат луѓето со повисоки примања, објаснува Мавричек.

Двојните плаќања со куни и евра ќе бидат овозможени само две недели по воведувањето на еврото, односно до 15 јануари 2023 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ливерпул убедливо на својот „Енфилд“, Лидс го слави Харисон

Следно

Старо-ново уживање: Бјело Дугме со две нови реизданија на компилациите од сингловите од 70-тите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian