ФОТО: Ѓоковиќ со полициска придружба на аеродром, го чека летот да ја напушти Австралија

1 min read

Првиот светски рекет со лет во 12.30 часот по средноевропско време (22.30 по локално) ќе ја напушти Австралија и ќе биде депортиран после одлуката на Федералниот суд.

Новак Ѓоковиќ по судски пат не ја доби можноста да игра во Мелбурн на грен слем турнирот „Австралија опен“ и да атакува на 21 рекорден грен слем трофеј.

Ѓоковиќ со полициска придружба веќе се наоѓа на аеродромот во Мелбурн и наскоро ќе ја напушти Австралија.

Најпрвин треба да пристигне во Дубаи во понеделник наутро по македонско време, околу 05.30 часот, летот од Мелбурн до Емиратите трае 14 часа.

Според одредени српски медиуми, не се очекува веднаш да се врати во својот роден Белград, тоа би требало да се случи за околу 10 дена.

Ѓоковиќ: Крајно сум разочаран, но ја почитувам пресудата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Етиопија бара СЗО да го истражи Гебрејесус: Шири штетни дезинформации, подржува терористи

Следно

Новата песна објави нови удари: Канје Вест јавно го осуди родителствувањето на Ким Кардашијан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian