Денес сончево со мала до умерена локална облачност, од утре снег

1 min read

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. В понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Србија денеска гласа на референдум за измени на Уставот во делот на правосудството

Следно

Песков за Си-Ен-Ен: Русија и Западот се на различни колосеци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian