Денес го празнуваме преподобен Свети Силвестер Римски

1 min read

Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се ползуваше од поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување заради верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така, на пример, го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. Ѝ содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косовските Срби утре ќе протестираат поради неможноста дома да гласаат на референдумот во Србија

Следно

ВИДЕО: Денвер ги декласираше Лејкерси, Јокиќ запиша нов „трипл-дабл“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian