Даути: Каква иронија, ДУИ вторпат ќе гласа за премиер кој не е Албанец

1 min read

Пак сме во ситуација кога истиот парламентарен состав ќе гласа нова влада иако повеќето од имињата се од стариот состав за кои се врзани повеќе скандали, рече пратеничката од Алијанса за Албанците Илирие Даути.

-Ова придонесува да се стави под голем знак прашалник новиот  владин состав. Иронично е дека ни по вторпат новиот премиер не е Албанец, а ДУИ по вторпат ќе гласа за премиер кој не е Албанец, во случајов за Димитар Ковачевски. За ова ќе гласа и нашиот поранешен коалициски партнер, Алтернатива, која заедно со нас се залагаа проти оваа влада – рече Даути.

Таа ја критикува ДУИ дека од шест министри немаат предложено ниту една жена и дека со тоа го игнорира половина од човечкиот капитал.

За програмата на владата таа рече дека повеќе се програмски желби, а не цели на владата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бремената девојка на Андрија Милошевиќ откри: Добив дијабетес, на ова треба да внимавам

Следно

Тагува ривалот кој требаше да игра против Ѓоковиќ на „Австралија опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian