Чудни симптоми на ковид-19 за кои ретко се зборува

3 mins read

Досега сите запамтивме дека кашлањето, треската, болките во телото се вообичаени знаци на ковид-19. Но, покрај овие типични знаци, некои луѓе доживеале необични симптоми на вирусот за кои сè уште не знаеме многу.

Истражувачите сè уште учат за чудните симптоми кои се појавуваат кај некои луѓе, а кај други не.

Губење на сетилото за мирис и вкус

Д-р Али Јамехдор вели дека веќе го препознаваме губењето на сетилото за мирис и вкус како вообичаен знак на инфекција со „оригиналниот“ сој на коронавирусот.
Кај заразата со сојот делта помалку се зборува за овој симптом, а откако омикронот стана доминантен сој, тој речиси и да не постои.

Некои луѓе беа без овие сетила неколку часа, некои со денови, а на некои не им се вратија ниту по повеќе од една година. Не постои медицинско објаснување за ова, но за среќа, се регистрирани сè помалку случаи.

Дијареја

Д-р Мајкл Хирт од Универзитетот Харвард вели дека повеќето луѓе кои се борат со овој симптом поради ковид мислат дека се отруле со храна или дека едноставно изеле нешто што не им одговара.

Ова е толку чест симптом што јавното здравство спроведува анализи на примероци од отпадните води за да ја следи изложеноста на вирусот, пишува EatThis.

Осип на кожата

„Осипите се навистина чуден симптом на коронавирусот. Се појавуваат на телото, главата, па дури и на прстите и изгледаат како модринки. Многу луѓе кои се заразуваат со омикрон добиваат навистина силни болки во грлото, што не беше случај со претходните соеви.

„Се чини дека луѓето или имаат минимално затнат нос и гребење во грлото или навистина се разболуваат со главоболки, вртоглавици, кашлица и треска“, објаснува д-р Тереза ​​Бартлет.

Тинитус

Тинитус или зуење во ушите повремено го пријавуваат пациентите заразени со ковид или по примањето на вакцината против ковид.

Тинитусот обично е знак за оштетување на внатрешното уво.

Директната врска помеѓу тинитус и ковид не е потврдена, една од можностите е дека е предизвикана од цитокинската бура која се појавува кај заболените од коронавирус.

Ако се утврди дека постои оваа врска, пациентите кои се под поголем ризик од губење на слухот (оние кои страдаат од дијабетес, срцеви болести или се поради некоја друга причина под ризик од губење на слухот) ќе бидат поранливи и заболувањето од ковид би можело да ги забрза патолошките процеси.

Симптоми на устата

Според стоматологот Манси Оз, „вирусот се врзува за клетките во устата“.

На тој начин влегува во крвотокот и се шири низ телото. Ова може да резултира со симптоми кои може да ги забележите во устата:

– губење на чувството за вкус

– сува уста

– бели наслаги на јазикот

– бојата и текстурата на јазикот се менуваат

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Убавата сплиќанка која последна се слушнала со Матеј, исчезна без трага: Откриено која е мистериозната девојка

Следно

Девет казни за возење без возачка во Сингелиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian