Билали Зендели: Опозицијата без избори сакаше да дојде на власт

1 min read

Сведоци сме дака на 11 ноември имаше обид за уривање на владата од наводно ново парламентарно мнозинство и то не само што беше неуспешно туку и понижувачко, рече пратеничката на ДУИ Арта Билали Зендели, која е меѓу четирите последни говорници пред гласањето за новата влада.

-Направија славна слика и се обидоа да ги залажат луѓето дека направиле ново мнозинство. Непринципиелно пред локалните избори се обидоа да ја урнат владат, сакаа да дојдат на власт без да победат на избори. Најсилен аргумент зошто ќе ја поддржиме владата е проевропската ориентација. Се надевам дека ќе продолжиме да го негуваме и мултикултурализмот. Програмата на владат се  заснова на економски пораст, социјална инклузивност, владеењето на правото и добро владеење и унапредување на демократијата и слободата. Поради ова немам дилема да ја поддржам новата влада – рече Билали Зендели.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По ерупцијата на вулканот во Пери, две лица се удавија во плимни бранови

Следно

ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Ријад, Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian