Апасиев до Ковачевски: Узурпатор кој доаѓа на најмоќната позиција без избори

3 mins read

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев жестоко ги искритикува мандатарот и кадровските решенија во новата влада.

– Конечно дојде денот по заминувањето на сатрапот да се соочиме во парламентот. Ќе говорам за кадровскиот дел и за програмата на владата. Во кадровскиот дел, ние имавме извик во „Шарената револуција“, ружна ви е владата. Останува мачно чувство дека Заев си отиде ама заевизмот остана. Имате тенденција на џандармизација на владата. Не знам зошто Оливер Спасовски го задржа местото, овој скандал мајстор. Тој дури и ја засилува позицијата и си ја носи својата десна рака Славјанка Петровска која има празно сиви и Грковска која доаѓа од МВР. И другата тенденција е оваа симбиотична врска меѓу Бисера скафандер Костадиновска и оваа од труд Јована Тренчовска која го направи владиното прикривање за биотероризам. На Бисера најголемо достигнување и е дека била преведувач на Ерван  Фуере и на Нано Ружин – рече Апасиев.

Тој оцени дека СДСМ книжи само пораз до пораз. Поразот со Грција каде Македонците станале  „севреномакедонци“, и пораз од Бугарија каде нема да постои македонскиот јазик или ќе постои со фус нота.

-И пораз од ДУИ и од Алтернатива. Како власт треба да дојдете на баци рака кај спикерот за да си закажете седница. ДУИ досега искина 8 премиери, вие ќе бидете деветтиот. Следната тенденција е „енџиото“. Ја снема Мила Царовска, а останаа Маричиќ и Груби како паднати ангели на Сорос.  Треба да се отворат горливите прашања. Кандидатите на ДУИ се пошколувани од СДСМ што е првпат во историјата. Но, ДУИ создаде либанизација и бејрутизација на Македонија, образец на бинационален грабеж и рамковна тиранија на малцинството и воведува башибозук демократија. Ние сме полупротекторат, ние сме паралелна држава во држава. Имате отворено македонофобство. Имате презир кон химна, кон знаме и јазик – им порача Апасиев на ДУИ, а на министерот за надворешни работи Бујар Османи му порача да не направи грешка во разговорите со Бугарија оти „Македонија е долга и широка“.

Тој на Ковачевски му рече дека ќе си направи муабет со него како со негов професор и мандатар.

-Тој е менаџер, бизнисмен и професор и потекнува од омразената црвена буржоазија. Од биографијата на Ковачевски првпат дознав дека Харвард имал диспрезирани студии во Црна Гора. Вие сте капиталист. Кога го земав вашиот анкетен лист се дупнав од броење, три стана, возила, заштеди во банка, имате сеф, ама не знаеме што има во сефот. Единствена светла точка во новата влада е професорот Тупанчевски, но оваа камарила на Маричиќ ќе ве напарави руски шпион оти сте докторирале на Ломоносов. Легалитет како влада имате, ама легитимитет немате. Легитимитет не се стекнува со киднапирање на пратеник, вас ве нема за носител на изборна листа, тројца носители на изборни единици ви се одметнаа. Вие сте узурпатор на тронот бидејќи доаѓате на најмоќната позиција без избори – рече Апасиев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО: Испорачана милијардитата вакцина од програмата Ковакс

Следно

Виландер: Ѓоковиќ е фаворит да освои најмногу грен слем трофеи, но тоа нема да се случи!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian