Зошто сте постојано гладни?

2 mins read

Чувството на глад не е проблем само по себе, но ако тоа се случува постојано, дури и после оброк, може да има нешто во вашето здравје на кое треба да внимавате.

Д-р Сидант Баргава, медицински експерт од Индија, наведува три можни причини зошто сте постојано гладни.

1. Вашата исхрана може да има недостаток на протеини

Долготрајната работа без оброци или нејадењето соодветна храна може да предизвика глад. А диетата без протеини е една од водечките причини за зголемен апетит.

Д-р Баргава вели дека протеинот го стимулира хормонот наречен лептин кој го намалува гладот:

– Значи, ако барате начини да го запрете гладот, само додадете соодветен протеин во вашата исхрана.

Храната богата со протеини вклучува јајца, туна, наут, тофу, грчки јогурт, леќа, путер од кикирики, семки од тиква и ракчиња.

2. Не спиете добро

Несоодветниот сон може да го загрози вашето здравје на многу начини.

Затоа е исклучително важно да се спие доволно за правилно функционирање на организмот.

– Ако не се одморате доволно, вашето тело има тенденција да произведува грелин, поради што се чувствувате гладни – изјави д-р Баргава.

Се препорачува да спиете од седум до девет часа на ден.

3. Вашата исхрана може да има недостаток на масти и влакна

Мастите и влакната го намалуваат нивото на хормонот за глад грелин и го зголемуваат нивото на лептин. Но, ако вашата исхрана нема здрави влакна и масти, често може да се чувствувате гладни.

Според д-р Баргави, мастите и влакната што ги консумирате го забавуваат варењето, што прави да се чувствувате сити подолго време.

Запомнете дека умереното, бавно варење не е лоша работа. Затоа погрижете се да јадете диета богата со влакна и масти за да го контролирате гладот.

Во вашата исхрана можете да вклучите јаткасти плодови, маслиново масло, ленено семе, грав, авокадо, бобинки, брокула, сушено овошје, пуканки и јаболка.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО | Најпознатата југословенска глумица на фотографија како малечка: Ги украде срцата на твитер корисниците

Следно

Политичар од Хаити уапсен на Јамајка, се сомничи за атентатот врз претседателот Моиз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian