Во Германија рекордна седумдневна инциденца на инфекција со коронавирус

1 min read

Германија забележа рекордна седумдневна инциденца од 497,1 инфекции со коронавирус на 100 000 жители од почетокот на пандемијата, објави денеска националната агенција за контрола на болести на таа земја.

Пред една недела, инциденцата низ земјата беше 335,9, соопшти Институтот Роберт Кох (РКИ) во Берлин.

Институтот, исто така, евидентираше 78 022 новозаразени во период од 24 часа, што е зголемување во однос на 55 889 новозаразени пред една недела.

Институтот информира дека во тековниот седумдневен период 3,23 пациенти со ковид-19 на 100 000 население се примени во болниците. Бројката не се ажурира за време на викенд.

РКИ објави дневна стапка на смртност поврзана со коронавирус од 235, што е намалување од 286 една недела порано.

Досега, 115 572 лица починаа од последици од ковид-19 од почетокот на пандемијата во Германија.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Александра Јуруковска, новинарка и книжевна критичарка

Следно

Николоски: Следува пеколен период на соочување со гневот на народот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian