ВИДЕО: Каков кам-бек на Кутињо во Премиер лигата, му ја „украде“ победата на Јунајтед

1 min read

Фудбалерите на Астон Вила и Манчестер јунајтед одиграа без победник 2:2 на „Вила парк“ во 22 коло од Премиер лигата во натпревар кој помина во знакот на Филипе Кутињо. Бразилецот од 2013 до 2018 година го носеше дресот на Ливерпуил, а сега по три години се врати во Премиер лигата и му ја украде победата на Манчестер јунајтед, најголемиот ривал на неговиот поранешен тим.

Јунајтед поведе со голот на Бруно Фернандеш во шестата минута, а во 67 минута Португалецот постигна уште еден гол со кој најави триумф на неговиот тим. Но, така не мислеше менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард, кој веднаш по вториот гол го внесе во игра Кутињо кој пак се покажа како клучен играч за домашниот тим.

Вила прво во 77 минута преку Ремзи по асистенцијата на Кутињо намали на 1:2, а само четири минути подоцна Бразилецот постигна гол за 2:2.

Јунајтед по ремито остана на седмото место на табелата со 32 бода, додека Астон Вила има 23 бода за 13 позиција на табелата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Димитров го остави Заев на цедило, вели бугарскиот професор Дечев

Следно

Девојки останале заробени во згмечен автомобил во Загреб, виновникот за сообраќајката избегал пеш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian