ВИДЕО | Алармантно: Пожар во фабрика во Њу Џерси се приближува до складиште за хемикалии

1 min read

Пожар во близина на хемиска фабрика во Пасаик, во американската држава Њу Џерси, синоќа се прошири на неколку згради и се заканува да стигне до складиште за хемикалии, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Пасаик, Хектор Лора, во видеото објавено на Фејсбук им порача на жителите да се оддалечат од таа населба и да ги затворат прозорците. Тој рече дека пожарникарите сѐ уште ја проценуваат ситуацијата и додаде дека засега нема информации за жртви.

Шефот на пожарникарите на тоа место Патрик Трентакост изјави дека зградата била празна кога избувнал пожарот, пренесуваат американски медиуми.

– Имало хлор во дел од зградата и сега се чини дека е под контрола, рече тој кратко по полноќ по локално време (6.00 часот во сабота по средноевропско време).

Шефот на пожарникарите изјави и дека најголемиот дел од зградата каде што избувнал пожарот се урнал. Водата од блиската река се користи за помош на пожарникарите.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Домашни и меѓународни експерти ќе работат Аеродром да биде општина без корупција

Следно

ИНТЕРВЈУ Катерина Колозова, филозоф: „Обединувањето“ е празна фраза, неосвестена желба сите да мислат исто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian