Вечерва паѓа одлука дали останува или си оди од Австралија: Ѓоковиќ тргна кон судницата 

1 min read

Новак Ѓоковиќ вечерва ќе ја дознае конечната одлука, дали ќе има можност да ја брани титулата на Австралија Опен или ќе биде депортиран од земјата.

Наскоро треба да започне судскиот процес по жалбата на адвокатите на Ѓоковиќ, откако австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, му ја укина визата на српскиот тенисер која ја доби со медицинско изземање од вакцинација.

Процесот е префрлен во Сојузниот (федерален) суд, а за судбината на Ѓоковиќ ќе одлучуваат судиите Дејвид О’Калахан, Џејмс Олсоп и Ентони Бесанко.

Ѓоковиќ пред неколку минути го напушти хотелот за мигранти „Парк“ во Мелбурн и се упати кон судот на процесот кој треба да започне во секој момент.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанецот Роберт Плескоњиќ исчезнал пред десет дена, семејството бара помош

Следно

Косовските Срби утре ќе протестираат поради неможноста да гласаат на референдумот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian