Скопјанецот Роберт Плескоњиќ исчезнал пред десет дена, семејството бара помош

1 min read

Веќе неколку дена е исчезнат скопјанецот Роберт Плескоњиќ, кој на 5 јануари излегол од дома и не се вратил.

Последните информации се дека е виден дента на 5 јануари во околината на Новата железничка станица, во близина на неговиот дом. Оттогаш му се губи секаква трага. Плескоњиќ има 61 година, облечен е во темносина долга јакна, има бела коса и брада и висок е 182 сантиметри.

Фото: приватна архива

Роднините случајот го пријавиле во МВР на 6 јануари. Тие и пријателите очекуваат каква било информација за него, а сите кои би ја имале, можат да се јават на телефонскиот број 075 400 329.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британски експерти: Ова е почеток на крајот на пандемијата, животот наскоро повторно ќе биде нормален

Следно

Вечерва паѓа одлука дали останува или си оди од Австралија: Ѓоковиќ тргна кон судницата 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian