Седум дена пијте сок од кисели краставички: Еве кои се магичните бенефити!

2 mins read

Ако ве интересира здрава исхрана, можеби веќе сте читале околу позитивните влијанија на сокот од кисели краставички – од ублажување на грчевите во мускулите, до контролиран шеќер во крвта.

Она што ја вчудоневиде новинарката Илијан Пулс Бронет, е неверојатната моќ на оваа течност. Таа решила да го проба овој совет и да ја провери тезата за ефикасноста на сокот од кисели краставички. Седум дена пиела по една чаша од сокот, и ова се нејзините тврдења, пренесува порталот „Little Things“

Водата од кисели краставички има антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Исто така, бидејќи е ферментирана, добра е за цревата и дигестивниот тракт.

Сокот може да помогне и во регулација на шеќерот во крвта. Студијата објавена во списанието „Journal of Diabetes Research“ укажува на фактот дека оцетот кој се конзумира пред оброк, помага во регулацијата на шеќерот во крвта кај личностите со дијабетес тип 2.

Новинарката за овој експеримент изјави:

„Сакам да јадам кисели краставички, но нема да лажам – малку ме исплаши идејата да го пијам сокот. Пред да го испијам, зјапав во чашата. На крајот се изненадив, пријатно – сокот има јак вкус, но е солен, ништо страшно“

Новинарката за тие седум дена вели дека вториот и третиот ден имала грчеви во мускулите, но откако пиела по една чашка од сокот, грчевите престанале.

Четвртиот ден заборавила да се напие, и дури вечерта успеала да се напие, но вели дека тоа не направило некоја огромна разлика.

Петтиот ден кога била на часот по танцување, мускулите ја болеле, но според неа тоа е нормално.

Шестиот ден првпат пиела сок од краставици дома, а не на работа. Раскажува:

„Маж ми ме гледаше со гадење. Но, не побегна од мене кога тргнав да го бакнам, што значи дека овој сок го освежува здивот“ – се смее таа.

Седмиот ден кога го завршила експериментот, вели дека се радувала што дошла до крајот.

“Сепак, подобро е да јадам кисели краставички, одошто да го пијам сокот од нив, иако има супер ефекти за организмот“

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ го користат како политички пион

Следно

Мажите кои живеат сами имаат поголеми здравствени проблеми, тврди студија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian