Рамен стомак за 1 ден: Со овие трикови цела храна што ја јадете ќе се „стопи“

2 mins read

Празниците се прекрасен период од годината, но што би рекол еден мој пријател „убав и напорен, само нешто се јаде, само нешто се седнува, се грицка, се пробува“. И навистина е така.

За да ви помогнеме во тоа чувство на ситост и да не се грижите за метаболизмот додека траат овие периоди на многу храна и разовидни „замки“ што ни се пред очи, ви ја претставуваме оваа неверојатна шанса со неколку трикови да си го зачувате стомакот рамен!

Пијте многу вода

Секое утро почнете го со голема чаша вода со исцеден лимон. Во текот на денот конзумирајте што е можно повеќе вода. Водата го одржува вашиот метаболизам и ве хидрира, притоа го чисти вашиот желудник. Во денот треба да испиете барем 6 чаши вода од 250 мл.

Избегнувајте млечни производи

Осетливоста на лактоза е чест проблем, дури и почест од што мислите. Многу луѓе чувствуваат негативен ефект од преголем внес на млеко, сирење или јогурт. Не мора да ги исфрлите засекогаш, пробајте еден ден да не конзумирате ништо од нив.

Намалете внес на сол

Познато но вистинито: телото поради вишок сол, задржува вода, и затоа ако сакате да „одморите“ од сол, пробајте еден ден да не јадете незачинета храна, можете само со бибер.

Џвакајте побавно

Кога јадете брзо, храната што ја внесувате прима воздух и се јавува надуеност. Побавно и внимателно јадетете, а избегнувајте и гуми за џвакање.

Јадете мудро

Голем број намирници се добри против непосакуваната надуеност и пренатрупаност на стомакот. Банана, јаболко, несолени крекери се одличен меѓуоброк, со цел да се заситите, а да избегнете подуеност.

Истегнете се

Пред важен настан, излегување, или било каква надворешна активност, истегнете се. На тој начин ќе го забрзате метаболизмот. И ако можете – секаде одете пеш на поблиски дестинации!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Девојки останале заробени во згмечен автомобил во Загреб, виновникот за сообраќајката избегал пеш

Следно

Електронските цигари треба да се забранат во угостителските објекти, граѓаните праќаат порака до властите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian