Пет лица уапсени за марихуана на подрачјето на Скопје, две за друг вид на дрога

2 mins read

Денеска и вчера екипи на МВР уапсија повеќе лица на поседување на дрога и марихуана на подрачјето на Скопје. 

На 15.01.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(28) и С.Ч.З.(37), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена бела тврда материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.01.2022 во 23.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

На 14.01.2022 во 22.35 часот во Градски парк од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил приведен Д.С.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

На 14.01.2022 во 13.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

На 14.01.2022 во 20.00 часот на Средно Водно, на пат кон црквата Св.Пантелејмон, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.У.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 14.01.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителите во сите случаи. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Заразната детска песничка „Бејби шарк“ стана најемитуваната песна на јутјуб во историјата

Следно

Литванија ја укина вонредната состојба на границата со Белорусија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian