Парното греење доведе до кризна состојба, Владата и Град Скопје меѓусебно се „препукуваат“

2 mins read

Наместо да се занимаваме со препукувања поттикнати секојдневно од прес конференциите и соопштенијата на СДСМ, порачуваме Владата да го реши проблемот со греењето во Скопје и својата енергија да ја насочи кон тоа, порачаа вчера од Град Скопје. 

Оттаму, преку соопштение, рекоа дека градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот.

-Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го разреши овој проблем, па ниту има ингеренции. Алармантна е целата ситуација, а ние две недели се докажуваме кој што треба да прави во услови кога механизмите се во Влада. Ова требаше да се заврши како процедура уште пред пет месеци и да бидеме подготвени за ова сценарио, се вели во сооптшението од Град Скопје. 

Инаку, Владата на Република Северна Македонија на вчера одржаната 134 седница донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот  на топлинска енергија, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба.
 
Според оваа Уредба, постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во Република Северна Македонија ќе го врши Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која ќе ја формира министерот за економија.  

Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности и / или од Буџетот на Република Северна Македонија во согласност со Законот за управување со кризи и на начин определен во одлуката за прогласување на кризна состојба.

Со Уредбата е утврдено во случај на кризна состојба, во зависност од проценките, да се преземат мерки за постапување во кризна состојба изготвени од операторите на дистрибутивните системи, може да се спроведе ограничување на снабдувањето со топлинска енергија, како и да обезбедат  дополнителни количини на топлинска енергија. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 15 јануари: Уживаjте во животот со полна душа

Следно

Северна Кореја истрела балистички ракети по третпат овој месец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian