Пандев остана без тренер, Шевченко доби отказ по само девет натпревари

1 min read

Легендарниот украински фудбалер, Андриј Шевченко кој најдобрите моменти во кариерата го имаше во дресот на Милан, неуспешно ја започна тренерската кариера во Серија А.

По само девет натпревари на клупата на Џенова за која настапува е поранешниот капитен на македонската репрезентација Горан Пандев, Андриј Шевченко доби отказ поради катастрофални резултати.

Славниот Украинец во Џенова дојде на местото на Давид Балардини за да ја спаси сезоната, но наместо тоа од можни 27 бода, освои само три.

Џенова е претпоследна на табелата со 12 бода од 21 натпревар и има пет бода помалку и натпревар повеќе од Венеција која се наоѓа во „сигурната зона“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Николоски: Следува пеколен период на соочување со гневот на народот

Следно

Во БиХ секое второ лице тестирано за коронавирус е позитивно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian