Ѓоковиќ го користат како политички пион

1 min read

Поранешниот американски тенисер Марди Фиш вели дека е очигледно дека политиката ги замеша прстите во ситуацијата со Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер вечерва во 23:30 часот по средноевропско време ќе започне сослушувањето пред сојузниот суд во Мелбурн кој треба да донесе конечна одлука дали ќе може да ја брани титулата на Австралија Опен или ќе биде протеран од земјата.

“Често се шегувам на социјалните мрежи, но тоа што му се случува на Новак Ѓоковиќ изгледа смешно – го користат како политички пион. Не ми пишувајте коментари за вакцинирање или невакцинација, станува збор за човек“, напиша Марди Фиш.

На неговата објава веднаш се јави Ник Кирјос кој уште еднаш му даде поддршка на Ѓоковиќ во судската битка со австралиските власти.
„Факти“, коментираше Кирјос на објавата на Марди Фиш.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Павле Трајанов предлага нова и независна Агенција за борба против криминалот

Следно

Седум дена пијте сок од кисели краставички: Еве кои се магичните бенефити!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian