Над 500.000 млади луѓе од Србија во првите 18 часа се пријавиле за еднократната владина помош во вредност од 100 евра, јавуваат медиумите.
Според Владата, во првите 12 часа од отворањето на пријавувањето за мерката, биле регистрирани 250.000 млади луѓе кои ќе ја добијат паричната помош.
Министерот за финансии Синиша Мали рече дека сите коишто сакаат, можат да се пријават на адреса на министерството со 30 јануари.
„Со исплатите почнуваме веќе од 1 февруари“, најави тој.
Владината мерка, која е претставена како помош од државата во време на пандемија, важи за сите граѓани на возраст од 16 до 29 години.