Медведев се прашува: Дали постои правна причина за депортација за Ѓоковиќ?

1 min read

Рускиот тенисер, Данил Медевев кој е поставен за втор носител на Австралија Опен повторно зборуваше за случајот на Новак Ѓоковиќ.

– Ајде да видиме што ќе биде, утре ќе знаеме нешто повеќе бидејќи во изминатите неколку недели имаше различни одлуки,. Сакам да кажам дека ова се правила на Австралија. Но, тоа што го знам е дека на Новак не се вакцинира бидејќи има медицинско изземање. Доколку тоа изземање не е валирно или нешто друго не е според правилата, тогаш секоја земја има право да во забрани да влезете. Знам дека министерот повторно кажа „Не“,но не читав ништо повеќе од тоа. Тоа што ме интересира е вистинската причина за таквата одлука, дали тој само кажа дека не сака да го пушти Новак во Австралија или постои правна причина за тоа? Претпоставувам дека повеќе ќе дознаме по сослушувањето. Ова е дефинитивно тешко ситуација за секого – изјави Медведев.

Официјалната одлука за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе остане во Австралија или ќе биде депортиран ќе биде донесена во ноќта помеѓу сабота и недела.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Собраниска расправа за избор на новата влада, власта и опозицијата со спротивставени ставови

Следно

ВИДЕО | „Еколошки блокади“ на патиштата во Србија и за првпат и на граничен премин кај Лозница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian