Ливерпул се вклучува во трката за потпис со Дибала

1 min read

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се обидува да го искористи застојот во преговорите помеѓу Пауло Дибала и Јувентус за да го донесе аргентинскиот репрезентативец на „Енфилд“.

Договорот на Дибала со Јувентус истекува на лето и двете страни се договорија за нова соработката, но застојот дојде откако „старата дама“ се обиде да му понуди помала плата од договорената. Имено, Дибала се согласи на плата од осум милиони евра плус два милиони во бонуси, но потоа челниците на Јувентус, ја намалија понудата на седум милиони плус 1.5 милион евра во бонуси.

Тоа го налути Аргентинецот кој ги прекина преговорите и почна да ги разгледува понудите од останатите екипите. Една од таквите понуди е на Ливерпул кој е подготвен да му ги исполни барањата на Дибала и да му даде плата од 10 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Клоп верува дека Дибала одлично би се вклопил во системот на Ливерпул, би можел да игра на сите три позиции во нападот, а во исто време би претставувал идеална замане за Мохамед Салах доколку египетскиот репрезентативец не потпише нов договор.

Голема конкуренција на Ливерпул ќе биде Интер кој нема да жали пари за Дибала. Агентот на фудбалерот веќе имал средба со челниците на Интер кои на неговиот клиент му понудиле петгодишен договор за плата од 7.5 милиони евра, милионски бонуси како и пари за потпис на договорот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНТЕРВЈУ Катерина Колозова, филозоф: „Обединувањето“ е празна фраза, неосвестена желба сите да мислат исто

Следно

Глас на Америка: ОН се загрижени поради инцидентите со величање воени злосторства во Србија и БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian