Косовските Срби утре ќе протестираат поради неможноста да гласаат на референдумот

1 min read

Србите од Косово за утре напладне најавија протести во повеќе градови и села во кои тие се мнозинство, поради резолуцијата на Косовскиот парламент, со која им се забранува да гласаат во своите средини на утрешниот референдум кој се организира во Србија.

Покрај ова, во најавите на протестите се вели и дека граѓаните од српска националност ќе го изразат својот револт и од одлуката на Белград да се согласи на де факто забраната што ја изрече Косовскиот парламент. Српските власти и Републичката изборна комисија соопштија дека Србите од Косово својот глас ќе можат да го дадат во неколку блиски градови кои се наоѓаат на територијата на Србија: Рашка, Нови Пазар, Прокупље и Врање.

Организатор на протестите е граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ од Косовска Митровица, а нејзиниот лидер Александар Арсенијевиќ изјави дека се повикуваат и на „кршење на Законот за спроведување на референдум“, кој јасно дефинира дека референдумот мора да се одржи на сите избирачки места на кои се одржани и изборите.

Арсенијевиќ ги повика сите во српските средини на Косово да излезат на мирни протести и рече дека собири се најавени на повеќе локации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вечерва паѓа одлука дали останува или си оди од Австралија: Ѓоковиќ тргна кон судницата 

Следно

ВИДЕО ВО ЖИВО: Судењето на Новак Ѓоковиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian