Снежните денови на Маврово се полн погодок за уживање со семејството и скијање. Нашата позната пејачка Ребека заедно со синовите уживаат на белите падини, а таа сподели на својот фејсбук профил фотографии, но и куси видеа од „авантурите“ на снегот.
На фотографиите се гледа задоволното лице на мама Ребека, но и радоста во очите на децата, кои уживаат на снегот и убавото време. Освен активностите на снег, тие споделија и дека по добро потрошена енергија на стазите, важно е да се јаде топла супа. А што е подобро после напорен, снежен ден, ако не нешто топло?
Пејачката Ребека Јанковка- Тренкоски е во брак со својот партнер, докторот Мики Ристески и заедно ги имаат трите сина, Маркијан и близнаците Доротеј и Макариј.
Извор: www.slobodenpecat.mk