ФОТО | Првата дама на Франција, Брижит Макрон со стилска „финта“ на добротворна акција

1 min read

Брижит Макрон важи за една од најдобро облечените Европјанки, а нејзиниот стил е доказ дека формалната, но минималистичката комбинација што треба да се носи за време на настаните, никогаш не мора да биде едноставна или здодевна.

Таа храбро ги комбинира едноставните и строги кроеви со додатоци кои прават мало „отскокнување“, а луѓето се воодушевуваат на нејзиниот стајлинг. Неодамна, првата дама на Франција се појави на добротворната акција „Жолти парички“ која има цел да го подобри животот на децата кои се лекуваат во болниците, а во оваа пригода таа избра ефектно, а сепак интересно издание.

Брижит Макрон
Abaca Press / Profimedia
Брижит Макрон
Abaca Press / Profimedia

Мадам Макрон се појави во црн дамски капут со благ А крој и златни копчиња, а на себе носеше одличен шал во интензивна жолта боја.

Брижит Макрон
Abaca Press / Profimedia

Славната 68 годишна дама го носеше шалот ношалантно префрлен преку рамо, а бојата имаше целосен погодок – во склад со името на фондацијата. Вакви впечатливи детали во облекувањето ја направија нејзината црна комбинација навистина поинаква.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белград ги нареди насилствата во седиштето на ДП во Тирана, обвинува Сали Бериша

Следно

Паника во Киев, меѓународниот аеродром „Жуљани“ евакуиран по дојава за бомба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian