ФОТО | Омлет за храбри ранобудници

1 min read

Затоа што појадокот е најважниот оброк во денот, за утринава ви предложуваме да приготвите вкусен сочен омлет, но надополнет со неколку различни вкусови кои ќе ви бидат одлично будење.

Потребно за 2 лица:

  • 4 јајца
  • 100 мл млеко
  • малку сол
  • бибер
  • 6 листови сланина на коцки
  • 200 гр рендан кашкавал
  • неколку ливчиња свеж спанаќ.

Подготовка

Изматете ги јајцата во длабок сад, додајте ги млекото, солта и биберот. Во нелеплива длабока тава, пропржете ја сланината додека да стане крцкава и истурете ги матените јајца. Пржете на среден оган. Потоа намалете го огнот сосема и одозгора врз омлетот наросете го ренданиот кашкавал и ливчињата спанаќ. Покријте ја тавата со капак и исклучете го од огин. Оставете неколку минути да се стопи кашкавалот, но да остане омлетот сочен.

Сервирајте со омиленото пециво, тост леб или појадувајте го без додатоци.

Уживајте!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Глас на Америка: ОН се загрижени поради инцидентите со величање воени злосторства во Србија и БиХ

Следно

Претерувањето со кафе може да доведе до деменција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian