Електронските цигари треба да се забранат во угостителските објекти, граѓаните праќаат порака до властите

1 min read

Електронските цигари кои според голем од светските истражувања имаат негативно влијание врз здравјето треба да бидат забранети во затворените локали. Ова го покажа анкетата која Скопје Инфо ја спроведе преку инстаграм профилот, а на која своето мислење го кажаа повеќе од 2500 инстаграм корисници. Од вкупниот број анкетирани инстаграм корисници, дури 73 проценти сметаат дека тие треба да бидат забранети во затворените простории на угостителските објекти. 

Анкетата доаѓа по големиот број истражувања кои се објавуваат во светските медиуми, а имаа цел да сугерираат дека електронските цигари се штетни и по одлуката на македонските здравстени власти во која се вели дека тие се поздрава варијанта на стандардните цигари и истите може да се конзумираат во затворените простории на угостителските објекти и локали.

Пред неколку денови магазинот healthline објави статија во која вели дека електронските цигари се минимално помалку штетни од обичните цигари, но тие предизвикуваат оштетувања на крвните садови и други здравствени проблеми, а веројатноста за прекинување на пушењето е речиси никаква. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Рамен стомак за 1 ден: Со овие трикови цела храна што ја јадете ќе се „стопи“

Следно

Оптимистички прогнози од Британија: Годинава ќе ѝ го видиме крајот на пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian