Домашни и меѓународни експерти ќе работат Аеродром да биде општина без корупција

1 min read

Општина Аеродром од вчера започна со реализација на едно од клучните ветувања во предизборната кампања на градоначалникот Тимчо Муцунски – „Аеродром – општина со нула корупција“.

Називот на проектот е „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ и предвидува изградба на систем за антикорупциски мерки, чија цел е да се воведе нова политика во водењето и работата на општината.

Градоначалникот Муцунски оствари средба со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер.

На средбата беше договорена соработка која предвидува фондацијата да ангажира реномирани домашни и меѓународни експерти кои во наредните четири години ќе ѝ помагаат на Општина Аеродром да стане општина без корупција.

Проектот ќе се работи во однапред утврдена методологија со јасно дефинирани цели и анализа на резултати.

Целосната имплементација на овој проект ќе гарантира дека парите на граѓаните ќе завршат на вистинското место и на тој начин ќе добијат поголема транспарентност за нашата работа. Ова беше еден од седумте приоритети во кампањата на градоначалникот Муцунски кој се заложи истиот да биде имплементиран во најбрз можен рок, велат од општина Аеродром. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Стоматолог Илија Караманов: Во кои случаи пациентот има потреба за изработка на дентален мост

Следно

ВИДЕО | Алармантно: Пожар во фабрика во Њу Џерси се приближува до складиште за хемикалии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian