Девојки останале заробени во згмечен автомобил во Загреб, виновникот за сообраќајката избегал пеш

1 min read

Страотна сообраќајна несреќа се случила доцна вчеравечер во Загреб, кога возач на украден автомобил удрил во паркирана кола во која биле две девојки, по што се јавил во полиција да пријави и пеш избегал од местото, пишуваат локалните медиуми.

Двете девојки, кои се тешко повредени, останале заробени во автомобилот, па пожарникарите морале да го сечат возилото за да ги извлечат.

Неофицијално, според сведоци на несреќата, возачот со голема брзина се забил во автомобилот на девојките, по што удрил во уште една кола, излегол и го напуштил местото.

„Возачот ги удри без никакво кочење. Потоа тргна во рикверц, сврте околу целото место на несреќата и се оддалечи. Еден дечко почна да го брка, а возачот малку понатаму удри во уште една кола и веќе не можеше да се движи. Тогаш тој излезе од автомобилот, се јави на телефон и мирно си замина“, вели сведок на сообраќајката.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 1 часот и 50 минути по полноќ, а возачот кој ја предизвикал, возел украден автомобил.

„Имаме информации за лицето кое се поврзува со украденото возило и интензивно трагаме по него. Сите околности на несреќата сѐ уште се утврдуваат“, велат од загрепската полиција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Каков кам-бек на Кутињо во Премиер лигата, му ја „украде“ победата на Јунајтед

Следно

Рамен стомак за 1 ден: Со овие трикови цела храна што ја јадете ќе се „стопи“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian