Црногорците најавуваат борба за секоја топка: Натпреварот со Македонија е како финале за нас

1 min read

Вечерва од 18 часот во Дебрецин, ракометната репрезентација на Македонија ќе го игра вториот натпревар од Европското првенство и тоа против Црна Гора.

Црногорците во првото коло загубија од Данска со 30:21, но веруваат дека може да се надигруваат со Македонија.

– Натпреварот со Македонија е како финале за нас. Мислам дека одбраната ќе го одлучи натпреварот. Македонија има квалитет, добра транзиција, добро играат два на два и доколку успееме тоа да го спречиме имаме шанси – вели Филип Вујовиќ.

Капитенот на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ кој минатата сезона настапуваше за Вардар, вели дека неговите ракометари ги очекува тежок натпревар иако Македонија ќе игра без Кирил Лазаров.
– Ова е многу важен натпревар за нас, се надевам дека ќе го покажеме вистинското лице. Го гледавме натпреварот на Македонија со Словенија и можам да кажам дека станува збор за искусна репрезентација која долго време игра заедно. Но, им недостасуваат двајца клучни играчи, Манасков и Лазаров кој се повреди и ќе ја има улогата само на селектор. Без разлика на тоа, имаат добри играчи и добар тим кој знае што прави на теренот. Не чека голема борба во сите 60 минути – вели Шеваљевиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски: Новата влада има план за соочување со економската и енергетската криза

Следно

Што прави денеска: Александра Јуруковска, новинарка и книжевна критичарка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian