Британски експерти: Ова е почеток на крајот на пандемијата, животот наскоро повторно ќе биде нормален

2 mins read

Во ГОЛЕМАТА анализа на БиБиСи експертите за коронавирусот велат дека на повидок е крајот на пандемијата и дека наскоро би можеле да почнеме да живееме нормално.

„Речиси е сигурно дека сме на крајот на пандемијата, ова е почеток на крајот, барем во Обединетото Кралство. Мислам дека нашите животи ќе бидат речиси целосно предпандемиски во 2022 година“, рече професорот Џулијан Хискокс од Универзитетот во Ливерпул.

Она што се менува е нашиот имунитет. Коронавирусот се појави во Вухан пред две години и тогаш бевме ранливи. Тоа беше сосема нов вирус со кој нашиот имунолошки систем немаше контакт, а немавме ниту вакцини ниту лекови кои би можеле да помогнат во борбата против него. Ковидот експлозивно се рашири низ светот, велат експертите.

Азра Гани, епидемиолог на Империал колеџ во Лондон, вели дека брзо ќе се помириме со фактот дека повеќе нема да мораме да ги ограничуваме нашите животи, но ковидот сепак ќе биде меѓу нас.

„Изгледа дека ни требаше многу време, но пред само една година почнавме да вакцинираме и веќе сме многу послободни поради тоа“, вели таа. Единственото нешто што може да ја влоши ситуацијата е нов сој кој би го надминал омикронот и би предизвикал многу потешка клиничка слика. Важно е да се напомене дека ако инфекцијата е ендемична, тоа не мора да значи дека болеста е блага.

„Имаме некои навистина злобни смртоносни заразни болести кои ги сметаме за ендемични. Сипаницата е ендемична со милениуми, но сепак уби една третина од сите заразени. Маларијата е ендемична и предизвикува 600.000 смртни случаи секоја година“, рече Гани.

Некои британски експерти очекуваат дека ограничувањата нема да се вратат, а масовните тестови за коронавирус ќе завршат оваа година. Речиси е сигурно дека наесен ќе дојдат дополнителни вакцини за ранливите за да се зајакне нивната заштита во текот на зимата.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Што ви зборува потсвеста: Едноставен квиз преку кој ќе дознаете кој камен, каква порака ви носи

Следно

Скопјанецот Роберт Плескоњиќ исчезнал пред десет дена, семејството бара помош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian