Белград ги нареди насилствата во седиштето на ДП во Тирана, обвинува Сали Бериша

2 mins read

Поранешниот лидер на опозициската Демократска партија и некогашен албански претседател и премиер, Сали Бериша, обвини дека минатата сабота членовите на Демократската партија биле нападнати „по наредба на Белград“.

-На 8 јануари во однапред договорено сценарио со директни барања од Белград мирните демократи ги нападнаа ордите наркобосови во униформи. Кажувам од Белград, затоа што Батон Станишиќ (Батон Хаџиу познат новнар и публицист) е новиот Мугоша во СП и во Албанија. Младиот Мугоша шестпати му се јавил на Еди Рама по наредбите што му доаѓале од Белград. Заштити го Лул Брава (Љуљзим Баша). Тој тоа не го негираше кога нашите претставници се судрија со него, рече Бериша во своето обраќање на 31-годишнина од формирањето на огранокот на ПД во градот Лежа.

Тој додаде дека 8 јануари е „најцрната страница на една влада во последните три децении“, нагласувајќи дека на овој датум Еди Рама докажал дека „со своите криминални начини бил вистинскиот автор на окупацијата на седиштето на ДП”.

-Тоа не е проблем на канцеларија, на зграда. Тука е основниот проблем: спроведувањето на мнозинската одлука против малцинството. Без овој принцип нема демократија. Десетици илјади демократи отидоа да ја спроведат својата одлука. Народното собрание изгласа дека штабот на ПД е тој штаб и отидовме да влеземе во нашиот дом, рече тој.

Според него, Еди Рама го опколил Љуљзим Баша, неговиот заложник, не само со осум гардисти, туку албанскиот премиер го опремил со сите средства за насилство на една агресивна полиција.

Бериша рече дека Баша го претворил штабот на Демократската партија во „дувло на криминалот и криминалците“, чие место, според него, е во затворските ќелии, а не во домот на демократите.

Протестот, што на 8 јануари го свика Бериша, прерасна во насилен со причинета голема штета на седиштето на ДП.

Бериша најави дека протестите ќе продолжат до заминувањето на Баша.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Балканско дерби на ЕП, Хрватска ќе се „вади“ против Србија

Следно

ФОТО | Првата дама на Франција, Брижит Макрон со стилска „финта“ на добротворна акција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian