Јанша: Со строго почитување на сегашните, може да се избегнат драстични мерки

1 min read

Словенечкиот премиер Јанез Јанша соопшти дека неговата влада ќе избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на ковид-19 предизвикана од многу позаразната омикрон варијанта на коронавирусот.

– Ако е можно, нема да ги заостриме сегашните мерки и се надеваме дека ќе го минеме овој бран со почитување на сегашните мерки, изјави Јанша за Словенечката телевизија, но додаде дека земјата е доведена „до раб” поради големиот број заразени што се должи на релативно ниската стапка на вакцинација.

– Дали ќе бидат потребни драстични заострувања зависи од поголема вакцинација, која би ги ублажила последиците од толку голем број заразени лица, додаде словенечкиот премиер и ги повика сите да се придржуваат до мерките и правилата кои се во сила.

Според Јанша, без драстични мерки, сегашната сериозна епидемиолошка состојба би можела да се надмине, но само доколку сите „строго се придржуваат” до постоечките правила.

За евентуалното воведување на задолжителна вакцинација, Јанша потсети дека добар дел од јавноста е против, но дека се уште нема единствено мислење на струката или препораки на ниво на Европската унија.

Според податоците објавени на порталот Siol.net, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 7.577 случаи со коронавирус, што е нов рекорден број на дневни инфекции од почетокот на епидемијата. Исто така, тоа се над 3000 повеќе инфекции од седум денови претходно.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мала победа на адвокатите на Ѓоковиќ, ќе има тројца судии на судењето

Следно

ВИДЕО | Заразната детска песничка „Бејби шарк“ стана најемитуваната песна на јутјуб во историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian