ВО ЖИВО: Сослушувањето е во тек, адвокатот на Хок бара притвор за Ѓоковиќ

3 mins read

Министерот за миграција Алекс Хок донесе одлука да му се укине визата на Новак Ѓоковиќ. Во продолжение дознајте ги сите настани околу првиот светски рекет за тоа дали ќе настапи на првиот грен слем сезонава на „Австралија опен“.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не доби виза! Во тек е итно рочиште пред судот во Мелбурн за случајот со Ѓоковиќ пред судијата Ентони Кели, кој на првото рочиште ја поништи одлуката за укинување на австралиската виза за првиот тенисер во светот.

Судијата Антони Кели потсетува на правилата за вакцинација. Тој, исто така, забележува дека општа обврска е на секој што ќе стапне на австралиско тло да се вакцинира или да има „медицинско ослободување“.

Се чини дека во овој случај постои одредена конфузија која итно треба да се реши, за да се оцени дали имало правилно разбирање на принципите. Ако имало исклучок, доколку Новак имал валидна патна декларација и ако се даде „зелено светло“, тогаш тој дел од случајот ќе остане нерешен.

– Стивен Лојд, заменик-министерот за имиграција Алекс Хок, вели дека министерот нема да бара депортација додека не заврши судењето. Но, тој побара и Ѓоковиќ утре во 8 часот по локално време да биде однесен во хотелot за мигранти, истакнувајќи дека таму има просторија каде што можат да го посетат адвокатите, па сигурно ќе имаат можност заедно да работат на случајот.

Неизвесно и натаму дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Адвокатот на Ѓоковиќ, Ник Вуд, ги побара истите барања како и во претходната постапка – да се укине одлуката за укинување на визата и да се ослободи. Тој рече и дека барањето сакаат да го поднесат до вечерва во 22.15 часот по локално време.

Вуд изрази загриженост и за краткото време што Новак го има до почетокот на Австралија опен и дека евентуалното одложување на судењето би било „губење“ на драгоцено време.

Новак Ѓоковиќ целосно фокусиран на тенисот и сака да игра на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Вуд му предложи на судијата Кели да дозволи Новак утре да биде со неговиот правен тим за заедно да учествуваат во случајот. Претставникот на Ноле смета дека би било апсурдно тој да преноќи во неговото изнајмено сместување, а следниот ден да се случи нешто поинаку.

Адвокатот на Ѓоковиќ побара рочиштето да не трае повеќе од 60 минути, сите барања да бидат поднесени утре рано наутро, а судењето да заврши во 22 часот по локално време (12 часот по средноевропско време). Вуд рече и дека биле во недостиг на време за размислување поради министерот Алекс Хок, кој ја одложил одлуката, но истакна и дека австралиските медиуми пишуваат дека министерот долго време донел одлука поради „комплицираната документација што ја доставиле адвокатите на Новак“.

Ѓоковиќ и – не е можно!?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мијалков позитивен на ковид-19, рочиштето за „Плацеви на Водно“ одложено

Следно

Бериша со порака до Ескобар: Баша е политички мртовец, истражувајте го за перење пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian