Во најсиромашните населби на Куба, младите се соочуваат со големи затворски казни по ланските протести

3 mins read

Младите демонстранти од Куба кои живеат во најсиромашните населби во Хавана ќе поминат децении зад решетки во пресрет на претстојните судења. Ова се случува во време на репресии против оние кои лани беа вклучени во антивладини демонстрации.

Протестите се одржаа на 11 и 12 јули во многу градови и населени места низ островот. Тие ја осудија комунистичката влада, недостигот на лекови, храна и струја. Ова беше во момент кога инфекциите со коронавирус беа во пораст, пишува Ројтерс.

Според набљудувачите на човековите права, повеќе од 1000 луѓе беа приведени по протестите. Судењето на лицата обвинети за тешки дела започна во декември и доведе до некои казни од над 20 години затвор.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Владата сè уште одбива да даде коментар

Кубанската влада не одговори на барањето на Ројтерс за коментар во врска со судењата.

Сепак, властите на островот изјавија дека уапсените биле осудени за јавен неред и отпор при апсењето. Куба ги обвинува Соединетите Држави за финансирање и поттикнување на немирите во јули.

Ројтерс разговараше со десетина жители на Ла Гвинера во округот Хавана, каде се одвиваа дел од протестите на 12 јули, проследени со вандализам, судир со полицијата, како и една човечка жртва. Тие рекоа дека младите од нивното соседство кои учествуваа на протестите сега се соочуваат со строги казни.

Емилио Роман (55) изјави за дека Емијослан (18-годишна возраст) и Јосни (25-годишна возраст), момчиња од неговата населба, како и неговата ќерка Мацјани (23) учествувале во протестите во јули. Сега се соочуваат со казни од 15 до 25 години, во зависност од тоа дали ќе бидат осудени. Роман тврди дека тројцата од јули се во затвор.

„Тие може да добијат затворска казна како да се терористи и убијци“ вели Роман во солзи.

Да убиеш човек во Куба ќе добиеш помала затворска казна отколку да го кажеш своето мислење

Алсидес Фирдо (47), рече дека неговиот сосед Хаиме Алсидес Фирдо (22) првично бил приведен затоа што фрлал камења на маршот на 12 јули. Сепак, подоцна тој се соочил со посериозни обвиненија.

„Не разбирам. Можете да убиете некого (во Куба), а потоа да ви дадат 8, 10 и 15 години затворска казна. Ако фрлите камен на протест добивате 20 години затвор“. Тоа е само нехуман чин на неправда“.

Директорката на групата за човекови права Кубалекс со седиште во САД, Ларица Диверзент изјави дека кубанските власти ги засилиле казните за да дадат пример и да ги потиснат идните протести.

Некои демонстранти се спасиле

Но, некои од демонстрантите не се строго казнети. Според Леонардо Фернандез Отано, историчар од Куба, вели дека неколку кубански уметници кои беа вклучени на протестите, неодамна биле ослободени од затворите.

Според него, расата и сиромаштијата биле фактори кои влијаеле на исходот. Кубанските власти изјавија дека ги почитуваат правата и слободите на сите приведени на протестите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Романтичното значење зад свршеничките прстени „Toi et moi“ – прстените со кој беа запросени Меган Фокс и Емили Ратајковски

Следно

ФОТО: Неверојатно, Ѓоковиќ веќе го „елиминираа“ од Австралија опен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian