ВИДЕО | Вучиќ со критика за српските медиуми: Објавуваа лажни вести за Матеј Периш само поради кликови

1 min read

За време на своето вчерашно гостување на националната телевизија РТС, српскиот претседател Александар Вучиќ, меѓу другото, зборуваше и за случајот со исчезнатото 27-годишно момче Матеј Периш и притоа ја искритикува моменталната состојба на медиумите во Србија.

– Социјалните мрежи се претворија во лајкови, а лајкови можете да добиете само ако сте екстремни. Медиумите, сите провладини медиуми, да не зборувате дека ги критикувам другите, се претворија во кликови. Се згрозив и им кажав на некои мои познаници и пријатели „Зошто го правите ова со момчето од Сплит? Дали е можно да објавувате лажни снимки на кои тој е во наводна љубовна врска со некого и измислуваш такво нешто без да провериш, затоа што вакво нешто има најмногу кликови.

Можно ли е оваа битка за кликови да станала поважна од животот на луѓето? Па што мислите како му е на овој човек, таткото на Матеј Периш, кога треба да чита и гледа такво нешто? Како се неговите сестри, изјави Вучиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Омикрон е побезопасен, инаку ќе имавме 100 починати на ден

Следно

Реагирајте навреме: Ова се три важни симптоми на заразата со омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian