Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави видео каде се обраќа до австралискиот премиер Скот Морисон околу состојбата со најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
Тој во видеото ја изрази својата поддршка до српскиот тенисер.
„Никогаш не можат да ни го одземат срцето и достоинството“ вели Вучиќ.
Според него, притисоците врз Новак го принудиле да ја искаже својата загриженост.
„Ако сакавте на Новак да му забраните да го освои 10-тиот трофеј, зошто не го вратевте веднаш?“ прашува Вучиќ.