ВИДЕО | ВО ЖИВО: Има ли правда за Ѓоковиќ? После сослушувањето Новак оди во притвор!

3 mins read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е во ситуација да се бори пред суд за да остане во Австралија и да учествува на грен слем турнирот „Австралија Опен“.

Српскиот тениски ас се очекува да има ново сослушување со имиграционите службеници околу 22.15 часот по македонско време (08.15 часот по локално австралиско време).

– ТЕКОТ НА СОСЛУШУВАЊЕТО МОЖЕТЕ ДА ГО СЛЕДИТЕ НА ЈУТЈУБ КАНАЛОТ НА ФЕДЕРАЛНИОТ СУД НА АВСТРАЛИЈА

Еве како ќе тече целиот процес:

– Полицијата во 8 часот во сабота (петок во 22 часот во Македонија) ќе го однесе Новак на сослушување.
– Ѓоковиќ ќе разговара со службениците за имиграција од 22:15 часот по македонско време.

-Договорено е да биде во притвор на локација договорена од двете страни.
– Ѓоковиќ ќе може да разговара со своите адвокати и да ја подготви својата одбрана.

-По сослушувањето во имиграцијата, Новак од полноќ до 4 часот по македонско време ќе оди кај адвокатот.
-Потоа повторно оди во притвор, на локација договорена од двете страни.

– Со него ќе бидат двајца полицајци.
– Судењето ќе започне во сабота во 23 часот по македонско време (недела 9 часот по австралиско време).
– Новак Ѓоковиќ ќе игра во недела навечер кон понеделник, доколку дотогаш не биде депортиран.

Новак Ѓоковиќ во Мелбурн доколку игра може да испише нова историја во светскиот тенис/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

После тоа Ноле ќе оди во притвор на тајна локација како што најавија, каде ќе го надгледуваат граничните полицајци.

Случајот потоа ќе биде решен во Федералниот суд, каде рочиштето ќе се одржи в недела во 10 часот по локално време, што е полноќ во Македонија меѓу сабота и недела.

По тоа рочиште, новиот судија Дејвид Џон О’Калаган треба да ја донесе конечната одлука дали Ѓоковиќ ноќта меѓу понеделник и вторник ќе започне да учествува на Австралија опен или ќе биде депортиран. Во случај да му одобрат да игра, Новак практично ќе го напушти притворот на теренот каде во 1. коло ќе се соочи со својот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Ѓоковиќ и – не е можно!?

Хронологија на „случајот Ѓоковиќ“

Ѓоковиќ и – не е можно!?

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Австралијците направија многу жртви за време на оваа пандемија

Гојковиќ: Ѓоковиќ беше позитивен на ковид-19, не може да биде казнет

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не ми е важна функцијата, двапати се заканив со оставка, вели Димитров

Следно

ФОТОГАЛЕРИЈА | Василичарски танц на Ковид вакцини и Биткоини: Дефилето на Вевчанскиот карневал нé насмеа за суровото секојдневие

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian