ВИДЕО: Пречекан со овации, Митревски е со репрезентацијата во Дебрецин

1 min read

Искусниот голман Никола Митревски поради позитивен тест на ковид-19 не беше во составот на македонската сениорска репрезентација во вчерашниот натпревар против Словенија.

Членот на Порто, кој беше еден од петмината позитивни во нашата селекција непосредно пред заминувањето за Дебрецин, направи нови тестови кои се покажаа како негативни.

Тоа е секако одлична вест за селекторот Кирил Лазаров во пресрет на следните два меча на ЕП, в сабота против Црна Гора и на 17 јануари против Данска.

Митревски кој покажува одлични перформанси и за португалската екипа на Порто, во Дебрецин со овации беше пречекан од своите репрезентативни колеги.

Засега не е познато дали ќе биде во составот за дуелот со Црногорците (18.00 часот), ќе биде познато во текот на утрешниот ден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борел најави нов нуклеарен договор со Иран

Следно

Пријателите на Матеј уште не можат да бидат испрашани во Хрватска, се разболеле од ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian