ВИДЕО: Борусија Дортмунд со „петарда“ во мрежата на Фрајбург

1 min read

Во првиот, воедно и дерби натпревар од 19. коло во Бундеслигата, Борусија во Дортмунд го совлада Фрајбург со 5:1.

После половина час игра екипата на Марк Росе имаше два гола предност, погодоците беа дело на Белгиецот Муние, а двапати Брант изведе корнер.

Ерлинг Халанд во судиското надополнување го постигнува третиот гол на „милионерите“, за Норвежанецот осми по ред на натпреварите одиграни на стадионот на Борусија.

Гостите успеаја само да намалат преку Ермедин Демировиќ, босанскиот репрезентативец беше прецизен во 61 минута.

Халанд уште еднаш се запиша во листата на стрелците, а конечниот епилог го постави Дауд.

На табелата Дортмунд е на второто место со 40 бодови, три помалку од водечкиот Баерн, додека Фрајбург е на четвртата позиција со 30 бодови, еден помалку од третопласираниот Хофенхајм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН алармира: На Етиопија и се заканува хуманитарна катастрофа

Следно

Романтичното значење зад свршеничките прстени „Toi et moi“ – прстените со кој беа запросени Меган Фокс и Емили Ратајковски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian