Уставен суд останува со минималните петмина судии, му заврши мандатот на Јован Јосифовски

1 min read

На уставниот судија Јован Јосифовски денеска му заврши деветгодишниот мандат, па Уставниот суд сега останува да функционира со пет судии, од вкупно девет предвидени со Уставот.

Јосифовски е избран за судија на Уставниот суд на 24 декември 2012 година, а неговиот работен однос почна на 14 јануари 2013 година.

-Судијата Јосифовски даде придонес со своето активно учество во работата на Судот и во изминатите девет години му беа доделени 228 предмети, соопшти Уставниот суд.

Веќе половина година Уставниот суд функционира со тројца судии помалку, а сега со заминувањето на Јосифовски, ќе треба да одлучува со минималниот број од петмина судии. Ова значи дека судот нема да може да одлучува за предмети за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Изборот на тројца судии заглави, бидејќи е блокирана работата на собраниската Комисија за избори и именувања, откако БЕСА го напушти парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, неодамна јавно побара да бидат избрани судиите кои недостасуваат и со тоа Судот да може да одлучува во полн капацитет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хакери од Северна Кореја украле криптовалути во вредност од 400 милиони долари во 2021 година

Следно

ФК Пелистер со бројни проблеми се враќа во 100% сопственост на Општина Битола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian